Шварценегер се враќа на актерството, во ТВ-серијата „FUBAR“

Во првата епизода од серијата „FUBAR“, Арнолд Шварценегер ја толкува улогата на агент на CIA кој го нарекуваат „најбрзиот 65-годишен белец на планетата“.

Вистина е, сепак, дека Шварценегер има 75 години во реалниот живот а „FUBAR е првата телевизиска серија во која глуми: осум епизоди во кои се мешаат акција и комедија и која премиерно ќе биде прикажана во четврток на стриминг платформата Netflix.

„Ова е можност што не постоеше во 80-тите и 90-тите кога ја градев мојата кариера по филмовите „Конан варваринот“ и „Терминатор“, рече Шварценегер.

Во ТВ-серијата, Шварценегер го игра оперативецот на CIA, Лук Брунер, кој е пред пензија, кој прискокнува на помош за да спаси друг агент од опасна задача. Тој друг агент се испоставува дека е ќерката на Лук, Ема а потоа таткото и ќерката одат на френетична, опасна мисија околу светот да го спречат негативецот наречен Боро кој сака оружје за масовно уништување.

„Тој се однесува со мене како да сум дете“, се жали Ема (ја игра Моника Барбаро во серијата), која споделува многу доблести на нејзиниот татко, но и неговиот темперамент, па двајцата често влегуват во жестоки вербално пресметки.

„Тоа е хаотично, а тоа создава многу забавни можности, од кои некои се интензивни ситуации на живот или смрт, а некои се многу смешни“, вели Шварценегер.

Нивната врска е „многу сложена“ затоа што Ема прави сѐ за да не биде како нејзиниот татко, но „тогаш сфаќа дека колку повеќе се бориме да не бидеме како нашите родители, толку повеќе сме како нив“.