Шведска официјално ќе стане членка на НАТО во четврток на 7 март, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Белата куќа.
„Шведска формално се приклучува на НАТО Алијансата на 7 март 2024 година, станувајќи 32. сојузник“, се вели во соопштението.
Според Стејт департментот на САД, во 19.15 часот, американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе се сретне со шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Како што беше објавено претходно, знамето на Шведска ќе биде подигнато во седиштето на НАТО во Брисел во понеделник, на 11 март.