Шведска ќе ја истражува можноста да биде домаќин на ЗОИ 2030

Шведска ќе ја истражува можноста да биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година.

Шведскиот олимписки комитет соопшти дека експертите ќе ја проучат оваа можност пред летото.

– Прелиминарната студија за ова прашање ќе покаже како може да се одржат Олимписките и Параолимписките игри во зависност од условите во Шведска. Веќе ги имаме речиси сите арени потребни за најголемите зимски натпревари, објасни Андерс Ларсон, в.д. претседател на Комитетот.

Стокхолм беше домаќин на Олимписките игри во 1912 година. Шведска се натпреваруваше на изборите за Зимските олимписки игри 2026 година, но загуби од Италија.

Досега јапонскиот Сапоро и американскиот Солт Лејк Сити се кандидираа за домаќини на Игрите во 2030 година.