Шведска ќе го подигне нивото на закана од тероризам

Шведска ќе ја подигне тревогата поради опасност од тероризам на второто највисоко ниво, објави во четвртокот дневниот весник Dagens Nyheter, поради неколкуте случаи на палење и сквернавење на светата книга Куранот што предизивка жестоки реакции на муслиманите.

Шведската безбедносна служба SAPO планира да го подигне нивото на предупредување за можни терористички активности од 3-то на 4-то, што значи дека постои конкрента закана од напад, пишува весникот.

Како што е најавено, SAPO подоцна во четвртокот ќе одржи брофинг за новинарите посеветен на ситуацијата со националната безбедност.

Велика Британија и САД неодамна ги предупредија своите државјани да не патуваат во Шведска поради можни терористички напади во екот на протестите во оваа скандинавска земја и соседната Данска поради палењата и сквернавењатана примероци на Куранот, инциденти на радикални десничкари и анти-исламисти кои се одржаа со одобрување на властите во двете земји повикувајќи се на слободата на говорот и изразувањето.

Шведска и Данска се гордеат со своето почитување на слободите и се меѓу најлиберланите земји во светот кои дозволуваат и критики и омаловажувања на религиите.

Муслиманите сметаат дека сквернавењето на Куранот, Божјиот збор кој на пророкот Мухамед му ја пренел ангелот Габриел, е тежок престап кој заслужува најстрога казна.