Шведска е поблиску до членство во НАТО по гласањето во комисијата на турскиот парламент

Комсијата за надворешни работи на турскиот парламент во вторникот ја одобри кандидатурата на Шведска за НАТО, клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечното одложување во кое Анкара бараше отстапки од Стокхолм во врска со третирањто на тероризмот.

Следниот чекор е гласање во парламентот, кое се очекува да се одржи во рок од неколку седмици и таму да биде одобрена кандидатурата. Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го потпише нацрт-законот, со што ќе заврши процесот што ги фрустрира сојузниците на Анкара и ги тестираше нејзините врски со Западот.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Анкара го ратификуваше членството на Финска, но се спротивстави на Шведска, тврдејќи дека Стокхолм ги штити групите кои Анкара ги смета за терористички.

Унгарија, исто така, не го ратификуваше членството на Шведска, но Турција се смета за главна пречка за нејзиниот пристап.