![svedska-ukraina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/svedska-ukraina.jpg?resize=696%2C446&ssl=1)
Шведска ќе и испорача на Украина нова воена помош во вредност од 3 милијарди круни, најголемиот пакет одбранбен материјал досега, кој вклучува систем за противвоздушна одбрана, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
„Тоа е поголем пакет воена поддршка од сите осум претходни пакети заедно“, рече Кристерсон на прес-конференција.
„Тоа е најголемата работа што сме ја направиле и точно ја следиме приоритетната листа на Украина за она што тие самите мислат дека им треба во моментов“, додаде шведскиот премиер.