Шведска и Данска најавија во понеделникот дека ќе се обратат во Обеднетите нации по откривањето на данскиот документарен филм објавен во неделата, кој е резултат на инфилтрирањето на еден поранешен готвач и еден актер во севернокорејските мрежи во текот на десет години.
Во заедничкото соопштение данскиот и шведскиот министер за надворешни работи наведуваат дека „длабоко ги загрижува содржината на документарниот филм ‘Крт’ за активностите поврзани со Народна Демократска Република (Северна) Кореја“.
„Донесовме одлука да ги задолжиме нашите мисии при Обединетите нации да го предупредат комитетот за санкции на ОН на овој документарен филм. Исто така, ќе го поставиме ова прашање во ОН“, напишаа Јепе Кофод и Ан Линде во заедничкото соопштение.
Документарниот филм кој во неделата бил емитуван на британскиот јавен сервис BBC, како и на нордиските телевизии, се темели на улогата којашто речиси една деценија ја имал поранешниот дански готвач во инвалидска пензија кој сакал да покаже дека Северна Кореја ги заобиколува меѓународните санкции.
Готвачот Улрих Ларсен основал дански огранок на Здружението за пријателство со Кореја (KFA), про-севернокорејска организација и така ја здобил довербата на шпанскиот шеф на здруженитето Алехандро Као де Беноса.
Играјќи ја улогата на верен поборник на севернокорејскиот режим, Ларсен со помош на режисерот Мадс Бригер и актерот Џим Латраше-Квортруп кој глумел влијателен богат бескрупулозен деловен човек, успеале на севернокорејските власти да им понудат вносни вложувања повразани со вооружување и трговија со дроги.
Тоа довело до потпишување лажен договор за изградба на подземна фабрика за вооружување на еден остров во Уганда, преку тристран договор кој вклучува продажба на нафта преку еден јордански бизнисмен.
Документарецот е делумно снимен со скриена камера, но и благодарејќи на поранешниот готвач кој сминањето го објаснувал како идни пропагандни видео-снимки за Северна Кореја. Во филмот е прикажан и севернокорејскиот амбасадор во Стокхолм кој го одобрува планот за градење фабрика за оружје.
Западните експерти за севернокорејскиот режим се изненадени со успехот да се подметени и на крајните ризици на коишто се изложиле готвачот и актерот во документарниот минис-серијал со целосен наслов „The Mole: Undercover in North Korea“.