ведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, потпиша апликација за влез на земјата во НАТО. Ова на Твитер го објави претставништвото на земјата во Алијансата.
Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија дека ќе им помогнат на Финска и Шведска доколку овие земји бидат нападни за време на пристапувањето во НАТО Алијансата.
Владејачката социјалдемократска партија во Шевдска во неделата го поддржа влезот на оваа земја во НАТО, со што е овозможено формирање на парламентарно мнозинство во корист на поднесување на барање за членство во Алијансата.
Претходно Русија се закани дека ќе следува одговор доколку Шведска и Финска влезат во НАТО, а проблеми со нивното членство во Алијансата може да предизвика и Турција, откако претседателот Ердоган порача дека не може да „одобри членство на држави кои поддржуваат терористички организации“.
This morning Foreign Minister @annlinde signed the 🇸🇪 application to join #NATO https://t.co/kkKaKL6KYP pic.twitter.com/AXDXeUoc9y
— Sweden at NATO (@SwedenNato) May 17, 2022