Шведска се обидува да ги надмине приговорите на Турција за членството во НАТО

Шведска ќе испрати група своите дипломати во Турција за да се одбидат да ги надминат приговорите на Анкара на нејзиното придружување на НАТО, изјави во понеделникот министерот за одбрана Петер Хултквист, а се очекува дека подоцна во текот на денот ќе треба да биде донесена официјалната олука за предвање на барањето за членство во Алијансата.

Владејачките шведски социјалдемократи се откажаа во неделата од 73-годишното противење на влегуваето на земјата во НАТО. Изразија желба за брзо пристапување во НАТО напуштајќи ја повеќедецениската политика на неутралност, по руската воена интервенција во Украина. Но Стокхолм, според најавите, ќе бара на шведска територија да нема странски воени бази и разместување нуклеарно оружје. Соседна Финска во неделата официјално потврди дека ќе поднесе барање за членство во Северноатлантскиот воен сојуз.

Меѓутоа, Турција непријатно ги изненади своите сојузници во НАТО порачувајќи дека не гледа позитивно на барањата на Финска и на Шведска, а претседателот Реџеп Тајип Ердогна порача дека „скандинавските земји се сигурни куќи за терористичките организации“, алудирајќи на милитантната сепаратистичка Работничка партија на Курдистан (PKK), забранета во Турција, а ставена на листите терористички организации и на ЕУ и на САД:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлит Чавушоглу во неделата по неформалниот состанок со колегите од земјите членки во НАТО во Берлин, повторно укажа на шведското непочитување на позициите на Анкара и истакна дека токму изминатиот викенд во Стокхолм се одржувале состаноци на челниците на PKK.

„Ќе испратиме група дипломати на разговори со Турција за да видиме на кој начин тоа може да биде решенот и за што всушност станува збор“, изјави шведскиот министер за одбрана Петер Хулквист за јавниот сервис SVT.

Покрај запирањето на поддршката за курдските милитантни групации на теруториите на двете нордиски земји, Анкара бара и укина на забраната за продажба на одредена воена опрема за Турција.

Од НАТО и од САД порачуваат дека се убедени дека Турција нема да го блокира членството на Финска и на Шведска.

Секоја одлука за проширувањето на НАТО бара одобрување од сите 30 членки и нивните парламенти, но неименувани дипломатски извори рекле рекле дека Ердоган ќе биде повторно ставен под притисок, бидејќи Финска и Шведска значително би го зајакнале НАТО во Балтичкото Море, во натамошното опколување на Русија.

„Убеден сум дека ќе можеме да ја решиме загриженоста коајшто ја изрази Турција на начин на кој нема да се одложува членството“, изјави во неделата генералниот секретар на на НАТО, Јенс Столтенберг.

Шведскиот парламент ќе дискутира за членството во НАТО подоцна во понеделникот, а одлуката за тоа се смета дека ќе биде само формалност, бидејќи големото мнозинство пратенции ги поддржува членството во Алијансата. Владата ќе ја донесе официјалната одлука за поднесување на барањето подоцна во текот на денот, спорес Хултквист.