![Шведска, сепак, нема да го протера Ирачанецот кој го сквернавеше Куранот и покрај налогот за депортирање Шведска, сепак, нема да го протера Ирачанецот кој го сквернавеше Куранот и покрај налогот за депортирање](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Salvan-Momika-Kuran-768x512.jpg)
Шведската служба за миграции потврди во четвртокот доцна вечерта дека донела решение да го депортира Ирачанецот кој во неколку случаи ја сквернавеше светата муслиманската книга Куранот, но дека налогот нема да биде спроведен бидејќи мажот би можел да биде подложен на мачење во својата татковина.
Претходно во четвртокот телевизијата TV4 објави дека шведската служба за миграции одлучла да го протера Ирачанецот Салван Момика кој предводеше неколку настани на кои беше сквернавен и пален Куранот. Ирачкиот бегалец тврди дека на тој начин сакал да протестира против целата институција на исламот и да се забрани неговата света книга.
Во Шведска од август е подигнато нивото на опасност од тероризам на второто највисоко, и предупреди на зголемениот број закани за Швеѓаните во земјата и во странство, откако серијата сквернавење и палења на Куранот, за кои шведските судови и полицијата дадоа одобрување, што ги разгневи муслиманите и прдизвика џихадистички закани.
Службата за миграции уште во јули објави дека спрведува ревизија за дозволата за престој на Ирачанецот. Покрај решението за протерување, во четвртокот истовремено нему му е издадена привремена дозвола за престој до 16-ти април 2024 година, поради „компликации во врска со спроведување на решението“.
„Вчера Службата за миграции донесе решение да го отповика неговиот статус и дозвола за престој и одлучи дека треба да биде депортиран“, изјавил за Reuters портпаролот на службата и додал дека причината била што Момика дал лажни податоци во своето барање за престој.
Меѓутоа, портпаролот истакнал дека Шведска не може да го спроведе налогот за депортирање бидејќи Ирачанецот би ризикувал измачување и нехумано постапување доколку би бил вратен во Ирак. Доколку ситуацијата се промени, мажот ќе биде депортиран, додал.
„Не ја напуштам Шведска. Ќе живеам и ќе умрам во Шведска. Шведската служба за миграции направи сериозна грешка. Се сомневам дека зад оваа одлука стојат скриени политички мотиви. Ќе се жалам“, изјави Момика за шведската јавна телевизија SVT.
Исламофобичните активисти сквернавеа и палеа примероци од Куранот во Шведска и Данска, едно од најлибералните земји во светот кои дозволуваат жестоки критики на религиите во името на слободата на говорот и на изразувањето. Меѓутоа, муслиманите сквернавењето на Куранот, кој го нарекуваат Божјиот збор, го сметаат за најголема навреда.