Шведската полиција го потврди апсењето на тинејџерот осомничен за убиство во Малме

Шведската полиција потврди дека ноќта кон саботата го уапсила тинејџерот осомничен дека во петокот убиле едно а ранил уште едно лица во пукање во трговски центар во градот Малме.

Погодениот маж починал од здобиените рани, додека женското лице било згрижено во болница по оружениот инцидент во трговскиот центар „Empora“, објави полицијата.

Се додава дека на лице место биле испрашани очевидци и ги прегледувале снимките од надзорните камери, како и дека поединостите за инцидентот ќе бидат објавени на прес-конференција.

Убиствата во пресметките на кланови и банди во последниот период зачестија во Шведска, и станаа една од главните прашања за избирачите пред претстојните избори.

Во оваа година досега во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите биле поврзани со криминалот, според податоците на полицијата. Минатата година, пак, во Шведска вкупно имало 46 убиства.