Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм

Шведската полиција денеска уапси 19 пропалестински активисти кои се забарикадираа на третиот кат од зградата на Кралскиот институт за технологија (KTH) во Стокхолм.

-Тие најверојатно ќе одговараат за попречување и непочитување на полицијата, велат од полицијата.

Активистите околу пладне со столови и маси го блокираа влезот во зградата на институтот, додека дел од демонстрантите извикуваа „Слободна Палестина“ и закачуваа палестински знамиња на прозорците.

Набрзо пред КТХ се појавија луѓе кои ги поддржуваа активистите, како и голем број полицајци кои упаднаа во зградата, пренесоа американските медиуми.

Во данската престолнина, активистите ги тргнаа шаторите од кампусот на Универзитетот во Копенхаген, а некои од нив во средата се преселија на плоштадот на Градското собрание, каде што поставија шаторски камп, барајќи од Данска да ја бојкотира продажбата на оружје на Израел.