Шведски производител на батери го доведе во прашање исплатата на одобрениот заем со напуштање на проширувањето на фабриката во Скелефтеа, предупреди владата во Стокхолм, суспендирајќи ги државните гаранции за прекршување на договорот.
Во септември „Northvolt“ објави дека ќе го намали обемот на операции и ќе отпушти илјада работници во главната фабрика во Скелефтеа поради слабата побарувачка и силната конкуренција, пред се од Азија.
Плановите за зголемување на производството беа малку премногу агресивни, па решивме да ги преиспитаме, изјави извршниот директор Питер Карлсон летово во интервју за шведскиот весник Dagens industri.
На почетокот на годината, компанијата се договори со група банки за пакет заеми во вкупна вредност од пет милијарди долари за планираното проширување на капацитетот во Скелефтеа.
За да и помогне на компанијата да го финансира проширувањето, шведската канцеларија за државни долгови обезбеди група заемодавци, вклучително Европската инвестициска банка (EIB), Нордиската инвестициска банка и повеќе од 20 комерцијални банки, со гаранции од 1,5 милијарди долари за заем од пет милијарди долари .
Во средата, официјалните лица рекоа дека парите што канцеларијата ги гарантира веројатно нема да бидат исплатени во скоро време.
„Компанијата минатата седмица објави дека проширувањето е прекинато. Наша проценка е дека поради тоа заемите нема да се враќаат во блиска иднина“, изјави Каролина Ехолм, генерален директор на Канцеларијата за следење на долгот.
Гаранциите важеа само под услов да се почитуваат условите од првичниот договор, објасни Ехолм.
Нортволт не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар на соопштението на канцеларијата. Минатата седмица, портпаролот на компанијата рече дека постигнале значителен напредок во собирањето на парите.
Уделот на ЕИБ во новиот пакет заеми изнесува нешто повеќе од една милијарда долари. Банката изјави дека Нортволт во моментов и должи 313 милиони долари од заем кој беше одобрен во 2020 година и требаше да биде рефинансиран од новиот пакет.