Речиси една седмица по спектакуларното бегство од терариумот од шведската зоолошка градина, кралската кобра во неделата се вратила во своето живеалиште откако со денови успевала да ги избегне сите стапици на чуварите, соопшти управарта.
„Успеавме да го вратиме!“, објава зоолошката градина „Скансен“, која беше принудена да го затвори одделот со влекачи додека се трагаше по снаодливиот бегалец.
Само неколку дена по доаѓањето во зоолошката градина, кралската кобра на којашто ѝ го дале името Господин Шиштечки, побегнала минатата сабота на 22-ри октомври и исчезнала меѓу осветлувањето на терариумот.
Поради тоа, чуварите на змијата ѝ го дале прекарот Худин, според славниот маѓосник кој успевал да се извлече од сите синџири, кафези и ќелии. Од управата на градината појасниле дека неодамна старите сијалици ги замениле со штедливи, што на змијата ѝ го олеснило бегството.
„Старите сијалици беа претопли, што ги држеше змиите на оддалеченост“, изјави директорот на „Скансен“, Јонас Валстром, и дада дека Худини „имајќи предвид дека сијалиците повеќе не се толку жешки успеал да ја протне главата меѓу сијалиците и до приклучокот на лампата, се провлекол и исчезнал во таванот“.
Еден од вработените го нарекол Худини „вистински лошко“, бидејќи во истиот терариум змиите престојуваат веќе 15 години, а тој стасал неодамна веќе успеал да побегне.
Живеалиштето беше затворено, поставени се посебни камери за чуварите да имаат надзор над недостапните агли, а поставени се и лепливи стапици и истурено е брашно за да се врати побегнатата змија.
Во петокот змијата била забележана од внатрешната страна на плафонот и се чинело дека чуварите ќе ја фатат, но не успеале.
Еден од нив раскажал дека „мудриот Худини повеќепати го променил местото на кое престојувал“ кога чуварите отвориле неколку отвори во плафонот за да го фатат. Додал дека се чинело оти бегалецот добро се забавува, бидејќи во еден момент кусо ја подал главата низ еден од отворите.
„Ноќта кон неделата на Худини му досади животот на бегалец, па во еден момент само падна од таванот и исползи до својот сигурен и топол ден“, соопштија од зоолошката градина.
Живеалиштата со рептили повторно се отворени за јавноста, но Худини е во „куќен притвор“ поради надзор и посетителите ќе можат да го видат од понеделник.
Кралските кобри потекнуваат од јужна и југоисточна Азија и се најдолгите змии отровници на светот. По нивната природа се мирни змии и малку е веројатно дека ќе нападна, нивниот главен плен се главно другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.