Шведскиот парламент во понеделникот му изгласа недоверба на премиерот Стефан Лофвен, што на социјалдеморкатскиот лиде ми дава една седмица да отстапи од должноста и да го препушти местото на нов мандатор или да се распишат предвремени избори.
Ова е првпат во историјата на Шведска премиерот да биде сменет во парламентот со гласање коешто го предложила опозицијата.
Националистичката партија Шведски демократи ја искористи можноста да организира гласање за доверба откако комунистичката Лева партија престана да ја поддржува владата на левиот центар поради планот за ублажување на контролата на цените на станарините и новоизградените станови.
Кревката коалиција на Лофвен со Зелената партија за мнозинството од изборите во 2018 година зависеше од поддршката на двете помали партии од десниот центар и од Левата партија.
Комплицираните односи во парламентот ги намалуваат шансите дека од сегашниот состав ќе може да се формира новата влада, а анкетите покажуваат дека партиите од левиот и од десниот центар имаат подеднаква поддршка, што значи дела и по предвремените парламентарни избори ситуацијата би можело да биде нерешена.
Нова влада, или техничката, владата до изборите кои требало редовни да се одржат во септември следната година.
.