Шведскиот премиер бара одобрение од Турција за приемот во НАТО

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе побара во вторникот одобрение од Турција за приемот на својата земјата во НАТО на средбата во Анкара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го запре тој процес за Шведска и Финска обвинувајќи ги дека ги штитат терористите против кои се борат турските власти.

Шведска и Финска, кои со децении одржуваат тесна воена соработка и одржуваа воени вежби со НАТО, искористувајќи ја војната во Украина побараа полноправно членство во Алијансата, но Турција користејќи го правото на вето се закани дека ќе се спротистави на нивното членство.

Анкара скандинавските земји ги обвинува дека им пружаат засолниште на милитантите на Работничката партија на Курдистан (PKK), која е на листите терористички организации и на ЕУ и САД и која води сепартатистичка војна од 1980-те против турската држава, како и на приврзаниците на движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во Пенсилванија (FETO), обвинети за неуспешниот воен удар од јули 2016 година.

Претставниците на Шведска, Финска и Турција во јуни потпишаа меморандум за укинување на турското вето, доколку нордиските земји ги отстранат причините кои предизвикуваат загриженост во Анкара.

Ердоган треба да го прими Кристерсон во претседателската резиденција во вторникот попладнето, по што двајцата ќе ѝ се обратат на јавноста.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави во саботата за шведското државно радио дека новата влада во Стокхолм ќе се дистанцира и од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) во Сирија обучувана и вооружувана од САД, која Турција ја смета за крило на PKK и против која води прекугранична офанзива. Поради турското воен ангажирање против YPG, Шведска и Финска воведе ембарго на извозот на оружје за Турција, кое Анкара исто така бара да биде отстрането за да го ратификува нивниот прием во НАТО.

Кандидатурата на Шведска досега ја прифатија 28 од 30 членки на НАТО. Шведска и Финска изразија уверување дека и Унгарија наскоро ќе ги поддржи нивниот прием.

Во колумната за шведскиот дневен весник Aftonbladet објавена во понеделникот, претставникот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун напиша дека посетата Кристтерсон на Турција ја смета за „историска можност“ за шведската кандидатура во НАТО. „Претпазливо сме оптимисти дека шведската влада ќе преземе конкретни чекори во отстранувањето на загриженоста поради тероризмот“, напиша Алтун.