Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Лофвен ја поднесе доцна вечерта во средата очекуваната оставка, откако парламентот во јуни годинава му изгласа недоверба и тогаш му даде една седмица да отстапи од должноста и да го препушти местото на нов мандатар или да се распишат предвремени избори.
„Шведскиот премиер Стафан Лофвен ја поднесе оставка во средата, долгоочекуван чекор што го отвора патот за неговата назначена наследничка Магдалена Андерсон пред општите избори следната година“, се наведува во извештајот на агенцијата AFP.
Минатата седмица беше објавена дека шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон беше избрана на функцијата предедател на владејачката Социјалдемократската работнилка партија на Шведска, и потенцијално таа на следните избори би можела да стане првата жена премиер на кралството. Таа ја презема министерската должност во 2014 година и стана првата жена на таа позиција во шведската влада.
Лофвен ја презема челната функција кај шведските социјалдемократи во 2012 година и ја предводеше до победите на парламентарните избори во 2014 и во 2018 година. Сепак, по минатите избори кревката коалиција на Лофвен со Зелената партија зависеше од поддршката на двете помали партии од десниот центар и од Левата партија.
Во последните месеци, пак, позицијата на социјалдемократи е сериозно разнишена, што се искажува и во резултатите на истражувањата на јавното мнение меѓу шведските граѓани. Поради тоа, самиот Лофвен во август изјави дека на партијата ѝ е потребен нов лидер пред изборите во 2022 година.