Врховниот суд на Шведска во понеделникот го блокираше израчувањето на турскиот новинар кого Анкара го обвинува за учество во неуспешниот воен преврат во јули 2016 година.
Педесет итригодишниот новинар Булент Кенеш, обвинет за учество во обидот за државен удар и припадност на движењето на исламистичкиот клерик Фетула Ѓулен кој речиси деценија живее во егзил во САД и Турција го обвинува за водење на цела мрежа кој воспоставила ткн „држава во држава“ со цел да го собори од власт својот поранешен политички сојузник, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
„Во овој случај е сосема јасно дека постојат неколку пречки за израчувањето“, објави шведскиот Врховен суд.
„Обвиненијата се делумно поврзани со политички обвинуваа и постои опасност од прогон темелен врз политичките ставови на прогонетото лице и поради тоа нема да биде израчено“, изјави судијата Петер Асп.
Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.
Нивната кандидатура поднесена во мај на вонредниот самите на НАТО во Мадрид, досега ја поддржаа 28 од 30-те членки на Северноатлантскиот сојуз, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, а Анкара го условува приемот на Стокхолм и Хелсинки со израчување на припадниците на организациите на Ѓулен FETO и на Работничката партија за Курдистан (PKK) кои ги означи како терористички организации и бара од двете земји да им го укине политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.
Кенес, поранешен уредник на отворено ѓуленистичкиот дневен весник на англиски јазик Today’s Zaman, за AFP изразил „задоволство“ од одлуката на шведскиот Врховен суд и го обвини „режимот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека фабрикува обвинувања“..
„Јас сум новинар, не терористи“, изјавил Кенес но додал и дека е уверен дека Анкара ќе се обиде „на сите можни начини да ми го загорчи животот“.
Турција, Шведска и Финска на самитот на НАТО во јуни во Мадрид потпишаа меморандум, но Анкара повторно се закани со блокирање на приемот на двете нордиски земји.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја посети Турција за да го убеди Ердоган да го отстрани ветото, кој притоа директно го споменал името на новинарот Кенес обвинувајќи го за тероризам.
Екстрадикциите на курдските милитанти и ѓулевистите и добиле политички азили во Шведска и во Финска, како и нивните ембарга за извоз на оружје во Турција поради нејзината копнена инвазија во северна Сирија против тамошните курдски сили кои ги смета за крило на PKK, се чувствително прашање за Стокхолм и Хелсинки. Шведската влада повеќепати истакна дека правосудството е независно и дека тоа го има последниот збор кога станува збор за изреачувањата на бараните лица.