Мажот, чиј идентитет сѐ уште официјално не е соопштен, утрово влегол во Домот за стари лица во Дарувар и почнал да пука во луѓе. Според неофицијални информации, тој ја убил мајка си, станари на домот, но и вработени… Во престрелката загинале пет лица, а уште петмина наводно се ранети.
Како што пренесуваат медиумите, станува збор за човек кој учествувал во војната во Хрватска. Тој е уапсен набргу по крвавиот настан, додека седел во кафуле. Медиумите јавуваат дека станува збор за 50-годишниот К.П.
Внук на еден од станарите на домот вели дека неговата баба била во собата со мајката на осомничениот.
„Баба ми е во тој дом е околу половина година. Мајката на убиецот беше во собата со баба ми. Неодамна ја преместија во друга соба и за време на пукањето, за среќа, таа била во друга соба. Моите родители се пред куќата не смеат да влезат внатре бидејќи истрагата е во тек“, изјави внукот за 24сата.хр.
Вработен во локална продавница во Дарувар раскажал за Дневник.хр дека му втрчале двајца работници од старечкиот дом, еден со повредено око, друг со куршум во градниот кош.
Му рекле дека во домот дошол човек кој почнал да пука од пиштол по штитениците и работниците.
Вработениот во продавницата веднаш повикал Брза помош и полиција, бидејќи повредените го препознале убиецот и виделе дека влегол во блиското кафуле.
Ја повикав полицијата и им кажав каде е убиецот. Наводно седнал и нарачал пијачка, а пиштолот го ставил на маса -рекол тој.
За убиецот вели дека има педесетина години, дека го познавале во околината, ама дека не се знае зошто го направил злосторството.