Сијарто порача дека воопшто не е важно што Заев мисли за состојбата во Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ги отфрли во понеделникот на прес-конференцијата во ВМРО-ДПМНЕ тврдењата за наводно влијание на поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта, а за лидерот на СДСМ Зоран Заев, вели дека воопшто не е важно што тој мисли за внатрешната состојба во Унгарија.

„Се надевам дека ме сметате за посериозен од тоа некој да ми диктира со кого да се сретнам. Како што знаете, денеска се сретнав со министерот за надворешни работи. но, не гледам која е спорната ситуација потоа да се сретнам со претставниците на нашата сестринска партија кога доаѓам на нејзина покана“, рече Сијарто.

Ова шефот на унгарската дипломатија го рече одговарајќи на новинарско прашање дали секогаш при патувањата се гледа и држи прес-конференции со опозициски партии или тоа е случај само сега бидејќи Виктор Орбан и Христијан Мицкоски се под влијание на Никола Груевски.

Шефот на унгарската дипломатија беше прашан и како ќе реагира на ставови изнесени во минатото од Заев и неговата партија дека во Унгарија има диктаторска влада, а дека премиерот Виктор Орбан е диктатор, при што потсети дека неговата партија Фидеш на последните парламетнарни избори победи остварувајќи двотретинско мнозинство во паралментот.

„Не е важно што мисли г-дин Заев за внатрешната состојба Унгарија, затоа што не е Унгарец. За нас е важно што мисли унгарскиот народ. Внатрешната состојба е таква што ние победивме со двотретинско мнозинство. Мојот принцип кога е во прашање надворешна политика е меѓусебна почит. Почит е да не се коментираат внатрешните состојби на пријателската држава. Мене никогаш не сте ме слушнале да коментирам за социјалдемократската влада тука. Инаку, кога се постави прашањето за поддршката на Унгарија кон вашето пристапување кон ЕУ, ова прашање воопшто не беше поставено“, заклучи Сијарто.

реч