Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Kси Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Кси Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.