Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении. На Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, „кој е сменет од власт, а чии способности многумина ги доведуваат во прашање“, може да носи одлуки кои можат да имаат катастрофални последици за светот, пренесе МТИ.
Сијарто додаде дека изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и дал шанса на Европа да го врати мирот на континентот, но дека има многу провоени политичари од двете страни на океанот кои се противат.
Тој предупреди дека распоредувањето на американско оружје длабоко во украинската територија може да доведе до избувнување на светска војна.