Си-би-ес: Јокиќ е најдобриот играч во НБА

Познатата американска телевизиска куќа Си-би-ес направи листа на 100 најдобри кошаркари во НБА. На прво место е Никола Јокиќ, најдобриот играч на Денвер.

„Јокиќ е единствениот играч во светот кој може да му гарантира на својот тим квалитетен шут во секој посед. Не постои ситуација надвор или внатре што не може да ја искористи. Многу се подобри и во одбраната. Тој е целосно ослободен од егото. Јокиќ е најчистото олицетворение на кошаркар“, се вели во образложението за одлуката.

Јокиќ три пати во последните четири сезони беше прогласен за МВП на сезоната.

Второто место на оваа листа го зазема Гркот Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), додека на третото место е уште еден Европеец, Лука Дончиќ (Далас Маверикс).

Во првите десет се уште: Шеј Гилџес-Александер (Оклахома Тандер), Џоел Ембиид (Филаделфија ’76), Стеф Кари (Голден стејт Вориорс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Кевин Дурент (Феникс Санс) и Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс).