Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот исток за да се спротистави на Иран во регионот. Тоа го објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на воени извори.
Во средата, секретарот за печат на Пентагон, Алис Фарах, ги негираше информациите на „Волстрит журнал“,дека администрацијата на Вашингтон размислува да го прошири своето воено присуство на Блискиот исток со распоредување на 14.000 војници и десетици бродови за противакција на Иран.
Според Си-Ен-Ен, распоредувањето на трупите може да се должи на потребата од интензивирање на воздушната одбрана во услови на зголемена закана од дејствијата на Техеран во регионот, вклучително и оние поврзани со испорака на проектили во Ирак. Забележано е дека Пентагон моментно анализира за тоа какви дополнителни воени способности се потребни на Блискиот исток.
Во извештајот на медиумот се нагласува дека САД можат да ги користат своите копнени, воздушни и поморски сили за да го зајакнат своето присуство. Во првата фаза, може да бидат прераспоредени 3-4 илјади војници.