Си-Ен-Ен: Украина го следи планот на САД за борбата против Русија

Планот предвидува не само војската, туку и цивилите да учествуваат во „одбранаta“, велат поранешните воени команданти.

За време на конфликтот со Русија, Украина се потпира на доктрината развиена од САД која вклучува и војска и цивили кои учествуваат во одбранбени активности, објави Си-Ен-Ен во саботата.

Оперативниот концепт на отпорот, за кој се вели дека обезбедува план за помалите држави да се спротивстават на поголемите сили, беше развиен во 2013 година како одговор на рускиот конфликт со Грузија во 2008 година. Тој беше дополнително зајакнат по обединување на Крим со Москва во 2014 година, што ги „запрепасти Украина и Западот“, објави Си-Ен-Ен.

Оперативниот концепт на отпорот претставува „иновативен и неконвенционален пристап кон војување и целосна одбрана“ и ги води акциите не само на украинската војска, туку и на цивилното население.

„Станува збор за сеопфатна одбрана на владата на Украина“, објасни пензионираниот генерал-полковник Марк Шварц, кој беше задолжен за Командата за специјални операции во Европа за време на развојот на концептот.

„Тие го користат секој ресурс и исто така користат некои крајно неконвенционални средства со кои ја попречуваат војската на Руската Федерација“.

Шварц рече дека е „едноставно неверојатно да се гледа и покрај неверојатната загуба на животи и жртви, што може да направи волјата за отпор и решителноста за отпор“.

Експлозиите во руските воени капацитети на Крим – далеку од линијата на фронтот во Донбас – претходно во август беа знаци дека Оперативниот концепт на отпорот бил во игра, тврди Кевин Д. Стрингер, пензиониран армиски полковник кој го предводеше развојниот тим за концептот.

Киев никогаш официјално не ја потврди својата вмешаност во инцидентите, но Си-Ен-Ен соопшти дека видел извештај на украинската влада кој потврдува дека стои зад нив.

Русија соопшти дека експлозиите на нејзиниот аеродром Саки во западен Крим биле резултат на несреќа, додека складиште за муниција на северот на полуостровот било цел на „чин на саботажа“.

„Бидејќи не можете да го правите тоа конвенционално, би користеле сили за специјални операции, а на тие сили ќе им треба поддршка – разузнавачки информации, ресурси, логистика, за да пристапат до овие региони“, рече Стрингер, објаснувајќи ги наводните дејства на Киев.

Цивилниот отпор под Оперативниот концепт  вклучува ненасилни дејства како што се бојкот на јавни настани, работнички штрајкови, па дури и користење на сатира и шеги како средства за отпор. Насилните дејства, како што се употребата на молотови коктели, подметнување пожар и ставање хемикалии во резервоари со гас за саботажа на непријателски возила, се исто така дел од концептот.

Општо земено, доктрината повикува на голема ПР кампања за контрола на наративот на конфликтот, спречување на ширењето на пораката на другата страна и задржување на обединетоста на населението.

Видео снимката на која се гледа уништениот руски хардвер и монтиран на привлечни мелодии е дел од стратегијата, заедно со снимките од украинските војници кои спасуваат бездомни животни и секојдневните обраќања на украинскиот претседател Владимир Зеленски – „намерно или не“, тврди Си-Ен-Ен.

Најмалку 15 земји учествувале во некоја форма на обука за доктрината на отпорот на Пентагон во текот на изминатата деценија, откри Никол Киршман, портпаролка на Командата за специјални операции за Европа.

Програмата не е универзална. Таа е приспособена во согласност со населението, ресурсите и теренот на секоја земја. Во извештајот на CNN се споменуваат Естонија, Литванија и Полска како нации кои изразија ентузијазам за Оперативниот концепт на отпорот.