![Si DZiping](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Si-DZiping.png?resize=696%2C461&ssl=1)
Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој денеска се сретна со претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја, Ву Вон-сик, изјави дека односите меѓу двете земји напредуваат во изминатите 30 години, како и дека придонесуваат за регионалниот мир и развој, пренесоа кинеските медиуми.
Јужнокорејски функционер е во Кина на церемонијата на отворањето на деветтите Зимски Азиски игри, објави државната телевизија ЦЦТВ.
Како што е наведено, политиката на Кина кон Јужна Кореја е стабилна, а со оглед на зголемената неизвесност во актуелните меѓународни и регионални прашања, двете земји треба да соработуваат во консолидирање и развој на стратешкото партнерство.