Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати во четвртокот оставката на Скот Пруит, доста контроверзен министер за природната средина по низата скандали поврзани со неговиот животен стил и користењето државни пари.
„Ја прифаќам оставката на Скот Пруит од местото челник на Агенцијата за заштита на природната околина (EPA)“, напиша претседателот Доналд Трамп на Twitter по повеќемесечните нагаѓања во медиумите кога овој министер ќе си замине од владата.
Трап притоа ја пофали „извонредната работа на Пруит“, но не аргументираше ништо во врска со неговото заминување, ниту ги спомена разните истраги коишто се водат за него.
Откако стапи на должноста во февруари 2017 година, Скот Пруит ја искористил функцијата да го поправи животниот стандард на семејството и прекршил неколку сојузни закони, а ги казнил соработниците коишто му приговарале или не му биле лојални, според медиумите.
Скандалите започнаа со трошоците за патување во прва класа и во авиони изнајмени на буџетска сметка. Потоа беше откриен претеран број телохранители кои го следеле 24 часа дневно за двојно повисоки хонорари од вообичаените. Пруит, исто така, наредил да се вгради телефонска кабина во неговите канцеларии Вашингтон во вредност од 43.000 долари.
Едрју Вил, досега вториот човек во министерството за околина, привремено ќе ја извршува функцијата на Пруит, додаде Трамп.