Најнаселениот австралиски град Сиднеј го забележа првиот локално пренесен случај на Covid-19 по повеќе од еден месец, што во средата предизвика загриженост поради нов можен бран на епидемијата.
Сојузната држава Нов Јужен Велс соопшти дека не е јасно како неименуваниот маж во шеесеттите години се заразил со коронавирусот, но дека овој човек кој работел како водач повремено превезувал екипажи на странски воздухопловни компании.
Иако властите во Сиднеј се обидуваат најитно да ги утврдат изворите на заразата, властите на сојузната држава предупредуваат дека неименуваниот маж одел во кино и во повеќе од десет кафулиња и продавници во источно предградие на метрополата, вклучително и плажата Бонди, иако бил потенцијално заразен.
Првиот случај на заразата по еден меец е откриен во Нов Јужен Велс додека истовремено втората според населеност австралиска сојузна држава се бори да го сузбие кластерот на случаи на Covid-19.
Сојузната држава Викторија, пак, во средата регистрирала пет случаи на Covid-19 во последните 24 часа, иако сите се поврзани со познати случаи, но властите велат дека ќе ги ублажат ограничувањата за пет-милионското население на Мелбурн. Така, од петокот секој во Мелбурн ќе смеат да патуваат повеќе од 25 километри од својот дом, а маските повеќе нема да мора да се носат на отворените простори.
Властите на Мелбурн кон крајот на минатата седмица го укина петнаесетдневното строго „затворање“, четвртокот од почетокот на епидемијата во Австралија, по избувнувањето на заразите во кои од 24-ти мај се забалежани околу 100 случаи.
Јавните собири ќе се зголема на 20 луѓе, а се укинува забраната за домашни собири. Салите за вежбање може да отворат во цел Мелбурн, но мора да се придржуваат до строгите правила за одржува физичко растојание, а вработениет во салоните може да работат без маски.
„Сѐ уште не е готово… ве молам, немојте да се однесувате како апсолутно да нема ризици“, порача главниот здравствен функционер на државата Викторија, Брет Сатон во текот на прес-конференција во Мелбурн.
Промптното барање на контактите, брзите затоварење и строгите мерки за физичко дистанцирање помогнаа Австралија успешно да се справува против претходни разгорувања на заразата и да го одржи бројот на случаи на Covid-19 на релативно ниско ниво, е малку повеќе од 30.000 случаи и 910 смртни исходи. Државата Викторија последните девет дена има едноцифрен број на заразени, а другите држави и територии вирусот ефикасно го елиминираа.