Сидорф: Не можев да го одбијам Милан

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Кларенс Сидорф потврди дека до крајот на оваа недела и официјално ќе биде претставен како нов тренер на италијанскиот калчо гигант Милан.

„Ја организирав оваа прес-конференција за да соопштам дека ставам крај на мојата фудбалска кариера. Доста е, играв 22 години. Многу тешка одлука, но јас сум задоволен од тоа што го имам постигнато како фудбалер.Среќен сум што му помогнав на мојот последен клуб, бразилскиот прволигаш Ботафого да обезбеди пласман во Купот Либертадорес. Милан? Повторно се враќам на ’Сан Сиро’, време е за следниот чекор, да бидам тренер на Милан. Јас сакам предизвици и Милан ќе биде најновиот предизвик во мојата кариера. Не можев да го одбијам Милан, таму поминав 10 години од мојата кариера. Отказот за Алегри беше пресуден околу мојата одлука. Искрено, во текот на вчерашниот ден бев контактиран од потпретседателот на Милан, Адријано Галијани. Сакам веднаш да се упатам кон Милано”, изјави Сидорф.