„Siemens“ ја предупредува шефицата на германската дипломатија да не бара судир со Кина

Извршниот директор на германската мултинационална компанија „Siemens“, Роланд Буш, ја предупреди германската министерка за надворешни работи Аналена Бербојк да не бара судир со Кина, заложувајќи се за однос базиран на меѓусебно почитување.

„Кина со правое е многу самоуверена земја. Во 20 години извлече од сиромаштија милијарда луѓе и воспостави вистинска средна класа“, вели Буш во разговорот за весникот Sueddeutsche Zeitung објавен во петокот.

Аналена Шарлоте Алма Бербој, којашто доаѓа од коалицијата на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen), заговара цврсти ставови кон Русија и Кина, и следејќи ја амариканската политика поради обвинувањата за нарушување на човекови права од страна на кинеските власти, предлага меѓу другото Европската унија да забрани увоз на производи кои наводно се произведени со присилен труд. Притоа остави нејаснотии како би било тоа проценето, или станува збор за производи само од провинцијата Ксинџијанг каде живее туркофоното исламско малцинство Ујгури, за кои Западот тврди дека е под силна репресија на Пекинг.

Но челникот на „Siemens“ истакнува дека Бербол сѐ уште не разговарала со него на оваа тема, и покрај тоа што тој претседава со Азиско-пацифичката комисија за германското работење.

„Грешките во Кина нема да се решата со надворешен притисок базиран на конфронтација. Доколку се забрани увозот, би можело да се случи повеќе да не можеме да ги купуваме кинеските соларни ќелии, а тоа ќе биде крај на енергетската транзиција“, истакна челникот на германскиот гигант.

Буш изрази оптимизам дека Зелените, на чие чело е Бербок, е доенсата подобривања во сферите како што се сообраќајот, транспортот, градбата и заштита на климата, но и надежи дека ќе покаже чувство за мерка.

„Секако, би можеле постепено да го отфрламе јагленот веќе од 2022 година, но во тој случај светилките во Германијај би се изгаснале. Можете брзо да напредувате само доколку не сте премногу догматични“, заклучува Буп, истајкнуваји дека и електричните автомобили користат струја произведена со помош на јаглен.