Тимот на Сиетл Сихокс го освои 48-от Супербоул, прв во историјата. Сиетел, кој ја има најдобрата одбрана го декласираа тимот со најдобар напад Денвер Бронкос со 43:8.
Одбраната на Сихокси доминираше во првото полувреме за 22:0 во кое нивната одбрана го потврди статусот – застрашувачка. На половина од третиот период Менинг најде дупка во одбраната на противникот И преку Демариус Томас намалија на 36:8. Но, тоа беше се од МВП играчот на лигата кој се збогуваше од најдобрата сезона во кариерата (60 тачдауни) со дебакл во клучниот меч.
Играта на Сиетл може да се опише со само еден збор – тимска. Беа буквално разноврсни постигнувајќи голови на сите начини на кои може да се постигнат. Се под команда на неискусниот но импресивен Расел Вилсон кој со 25 години стана најмлад квотербек кој го освоил Супербоул.
Вистинска тимска победа на Сиетл поради што тешко е да се каже кој го заслужи МВП признанието. Сепак, тоа замина во рацете на еден од дефанзивците, Малком Смит.