Супермаркетите во Австралија повтоено воведоа ограничување на купувањето тоалетна хартија, веројатно поради растот на новозаболени од коронавирус.
Во супермаркетите „Колс“ може да се купи до еден пакет тоалет, а во „Вилвортс“ до два. Масовното купување го предизвика значителното зголемување на бројот новозаолени во државата Викторија. Австралискиот премиер Скот Морисон нагласи дека нема причини за трупање залихи.
Ограничувањето за тоалет-хартија претходно беше воведено во март, кога граѓаните, во очекување на карантински мерки, ги испразија продавниците, а имаше и тепачки меѓу куувачите.