![siti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/siti.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Фудбалерите на Манчестер Сити и Евертон ги оправдаат фаворитските улоги во средбите од 16-финалето на англискиот ФА Куп, а Челзи и Вест Хем Јунајтед го остварија истото но со многу повеќе неизвеснот против нисколигаши.
Водечкиот тим во Премиер лигата со 4:1 го совлада Фулам кој моментално е водечки во Чемпионшип. Гостите поведоа веќе во 4 минута со голот на Фабио Карваљо, но Манчестер Сити многу брзо направи резултатски пресврт, преку Илкај Гундоган во 6 и Џон Стонс во 13 минута и на полувреме замина со предност 2:1. Во вториот дел Ријад Марез со два брзи погодока во 53 од пенал и во 57 минута го постигна конечниот резултат 4:1.
Фран Лапард дебито на клупата на Евертон го започна со убедливата победа од 4:1 (1:0) над Бренфорд. Стрелци за домашните беа Јери Мина во 31, Ричарлисон во 48, Мејсон Холгејт во 62 и Андрос Таусендт во 90 минута, а за гостите Ајвен Тонеј во 54 минута реализираше пенал.
Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ беше домаќин на третолигашот Плимут и веќе во 8 минута беше во заостанување со погодокот на Мекалеј Гилеспи. Сепак, на одморот се отиде со 1:1, бидејќи Сезар Аспиликуета израмни во 41 минута. Резултатот не се менуваше до истекот на регуларните 90 минути, за во првата минута од судиското продолжение на првото продолжение во 105+1 минута Маркос Алонсо донесе водство за Челзи. Плимут во сабата завршница имаше голема шанса да израмни на 2:2, но во 118 минута Харди не реализирапе пенал.
Вест Хем за малку избегна срамна елеминација на гостувањето кај шестолигашто Кдиерминстер кој од 19 минута водеше со 1:0 со голот на Алекс Пени. Но во првата минута од судиското продолжение Диклејн Рајс израмни на 1:1. Во првата минута од судиското продолжение на второто продолжение во 120+1 минута Џеорг Боуен му донесе победа на Вест Хем и го спаси од изведувањето на пенал-рулетот.
Питерборо со головите на Џо Вард во 25 и Рики-Џејд Џонс во 72 минута на домашен терен го совлада Квинс Парк Ренџерс.
Норич Сити, пак, со погодокот на Кени Меклин во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме како гостин го елиминираше Вулверхемптон.
Дуан Холмс во 19 минута погоди за домашната победа на Хадерсфил над Барнсли.
Стоук Сити со 2:0 дома го совлада Виган, а стрелци беа Џош Маџа во 14 и Џејкоб Броун во 62 минута. Гостите од 74 минута игра без исклучениот Овион Едвардс.
Саутемптон со пресврт во финишто на домашен терен го победи Ковентри. Гостите поведоа во 22 минута преку Виктор Гјекереш, а домашните прво израмнија и се изборија за продолженија со голот на Стјуар Армстронг во 63 минута, а победата во продолжението во 112 минута ја донесе Кајл Вокер-Питерс.
Кристал Палас немаше проблеми со нисколигашот Хартлпул. Стрелци за домашните беа Марк Гиехи во 4 и Мајкл Олисе во 22 минута.