Седум земји-членки на Европската унија, од кои најголемиот дел се и во Шенген-зоната, се очекува и официјално да побараат затворање на македонската граница кон Грција на денешниот состанок во рамки на неформалниот Совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута во Амстердам, на кој присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати на оваа рута, меѓу кои и македонскиот министер Никола Попоски, јавува МИА.
ЕУ навистина треба да стори за да и помогне на Македонија во справувањето со бегалската криза
Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска, Чешка, Полска, Австрија, се ЕУ-земјите кои бараат фактички исфрлање на Грција од Шенген-зоната и одбрана на границите на Унијата во Македонија. Toa, во изјава за МИА го потврди и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пред почетокот на состанокот што во моментов е во тек во рамки на т.н. „Гимних”-состанок.
Среќен сум што е тука присутен и министерот за надворешни работи на Македонија. Она што го мислиме во моментов е дека Еворпската унија не може да се одбрани од југот, со оглед на тоа што миграцијата продолжува и има илјадници нерегуларни мигранти што влегуваат на територијата на ЕУ на дневна база од југот. Очигледно е дека во моментов јужната граница на Шенген зоната не се штити и ако Грција не е подготвена, не може да ја заштити Шенген-зоната и не прифаќа никаква помош од ЕУ, тогаш ни е потребна друга линија на одбрана, а тоа очигледно се Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе имаме некаков прогрес, бидејќи веќе фрустрира што сите говорат за потребата од заштита на надворешната граница, а ништо не се случува. Мислам дека тоа мора да го сопреме, дециден е Сијарто.
Според унгарскиот шеф…