Силјановска до Османи: 61 пратеник не ги исклучува заедниците, туку криминалците од ДУИ

Кандидатката за претседателка на Македонија Гордана Силјановска – Давкова одговори на прозивката од противкандидатот Бујар Османи преку социјалната мрежа Твитер.

-61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата – напиша Силјановска на Твитер.