Силјановска: Ќе донесеме 4 милијарди инвестиции и ќе ги покачиме платите за 25%

Професорката Гордана Силјановска Давкова носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Сопиште од каде што истакна дека СДСМ го избриша македонскиот идентитет, се откажа од правото на самоопределување, а од државата направија хибриден режим и најнепосакувана дестинација во Европа.

Силјановска потенцираше дека со СДСМ во Македонија нема парламентарна демократија, нема независно судство, нема право и правда и нема функционална држава бидејќи без ефикасни политики не може да функционира државата.

– Државата ја направија руина, а  држава без стабилна и институции не е држава, држава во која доверба во судството имаат одвај 3% граѓани не е држава, држава во која врвот на јавното обвинителство односно СЈО е е синоним за корупција е држава е пред пропаѓање и како таква во извештаите ја водат како хибриден режим, рече Силјановска.

Токму затоа таа посочи  дека има шанса да се обнови тоа што остана, но за тоа е потребна промена на власт. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе работи на обнова на Македонија, за младите да останат во државата и за таа цел ќе се донесат најмалку 4 милијарди странски и домашни инвестиции, ќе се покачат платите за 25%, пензиите за 20%, а за младите до 29 години при нивно вработување бизнисот ќе биде ослободен од давачки.

– Овие луѓе се однародени, живеат во свој свет кој не е ист со нашиот. Друг народ не се наоѓа, ама власт друга може да се најде. 15 јули нивниот црн ден ќе биде македонскиот светол ден, нагласи Силјановска Давкова.