Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, го испрати досегашниот претседател Стево Пендаровски од вилата „Водно“.
Воедно ова беше и последниот работен ден на Пендаровски. Во наредните пет години на чело на дражавата ќе биде Силјановска Давкова.
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести денеска во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.
На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.