Силјановска: Не може да се свика Парламент кој се самораспуштил

Во синоќешната емисија „Заспиј ако можеш“ професорката Силјановска Давкова праша зошто пратениците од Собранието кои се самораспуштени заради одржување на предвремени избори не реагирале на одуката на претседателот Пендаровски за донесување на вонредна состојба која тој сам ја донесе дококу се сметале за легитимни.

-Ние не чувме од овие пратеници претходно зошто претседателот да донесе одлука за прогласување на вонредна состојба кога еве ние сме легални и легитимни, кажа Силјановска – Давкова.

Таа истакна дека е точно дека во деловникот има одредба според која претседателот може да свика седница или пак седница може да побараат на Парламентот 20 пратеници.

-Но седница на Парламент кој што е во заседание, а не на Парламент кој што се самораспуштил, поенцираше професорката.

Дополнително, Силјановска Давкова кажа дека ако пратениците функционираат не може претседателот да носи одука бидејќи одлуката за прогласување на вонредна состојба е всушност одлука што ја носи Собранието.

-Е сега не ми е јасно, мене не ми е јасен ни претседателот. Ако тој сметал дека пратениците се легални и легитимни, па како тогаш посегна самиот по донесување на одлука за вонредна состојба. Утре може некој импичмент да покрене за ова, кажа Силјановска Давкова.

На крај таа посочи дека исто така уредени со законска сила не може да носи Владата ако Парламентот може да заседава и таа материја да си ја регулира со законик.