Носителот во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својата фејсбук страница објави видео спот.
-Не сме исти, ние сме луѓе кои веруваат и ги почитуваат правото, правдата и моралот. Тие ја ветуваа правдата но не ја донесоа. Се покажа дека ниту сакале ниту знаеле како да го сторат тоа. Се обврзуваме дека конечно во Македонија ќе завладеат правото и правдата и дека сите ќе бидеме исти пред уставот и законите, изјави таа во видео спотот.
Целосното видео може да го проследите во продолжение.