Силјановска: Она што ни се случува е процес на демакедонизација и денационализација

Она што ни се случува во изминатиов период не е ништо друго освен процес на демакедонизација и денационализација, порача професоркта Гордана Силјановска Давкова, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица.

„За кого гинеле партизаните и илинденците, за Македонија или за Северна?“, прашува професорката пред скопјани.