-4.2 C
Skopje
понеделник, ноември 18, 2024

Силјановска потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди

Фејсбук објава на Гордана Силјановска Давкова, носител на ИЕ 1 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска потпишав Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди-Здружение за заштита на животни, во кој како голем љубител на животните и вдомувач на куче и маче се согласив во иднина да соработувам во спроведувањето на следните барања на Здружението:

1. Унапредување на правната заштита на животните преку измена и суштинско дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните во првата година од мандатот на новата Влада на РМ.

2. Усвојување на јасна и децидна законска забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација животни (освен на неизлечливо болни единки), затоа што непостоењето на децидна забрана дава можност за произволност, нехуманост и масовно усмртување што во Р.М. се испостави како практика. За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња ќе се применува исклучиво стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како залови – стерилизирај – врати) заедно со низа други мерки кои подразбираат одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите.

3. Позитивна национална кампања во соработка со граѓанскиот сектор за заштита на животни и инволвирање на здруженијата во управувањето и работењето на стационарите. На здруженијата да се гледа како на активни партнери на институциите надлежни за проблемот со бездомни кучиња

4. Континуирани Програми за промоција на концептот на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, вакцинација, идентификација и регистрација на домашните миленици. Оданочување на оние кои продаваат миленици и кои неконтролирано ги размножуваат, оданочување на сопствениците кои купиле миленик и го чуваат некастриран/нестерилизиран, а ослободување од данок за оние кои ќе вдомат миленик затоа што помагаат во заедницата да се намали бројноста на бездомни животни и привилегии за сите кои ги стерилизираат сопствените миленици. Собраните средства од оданочувањето да бидат наменети за заштита, лекување, стерилизација/кастрација на бездомни животни и субвенционирање на кастрации/стерилизации за сопствениците кои ќе вдомат бездомно животно.

5. Најстрого ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена силно се загрозува и безбедноста на граѓаните.

6. Зголемување на казната за мачење на животно во рамки на Кривичниот закон како и унапредување на СПРОВЕДУВАЊЕТО на член 233 (Мачење животни) од Кривичниот законик на РМ. Задолжително е да стане практика сторителите на кривични дела кои резултирале со мачење и/или убиство и/или каква било друга форма на злоупотреба на животно да бидат соодветно казнети.

7. Промоција на растителната исхрана во контекст на заштита на човековото здравје и превенција на најсмртоносните болести на денешницата, намалување на гладот и нееднаквоста како во светот, така и во РМ. Задолжително воведување на растително мени како опција во сите јавни институции – здравствени и образовни установи (болници, градинки, училишта, студентски домови и сл)