Петмина силеџии од Тетово добија кривична пријава. Станува збор за Х.Е.(27), Г.З.(27) и двајцата од Тетово, Л.А.(24), Љ.А.(22) и З.Ј.(40) од село Мала Речица.
На 21.мај оваа година околу 21.00 часот во село Мала Речица-тетовско на улицата Љуботенска во слаткарница прво настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу четворицата пријавени од една страна и петто пријавениот од друга страна, во која од остар предмет со убодни рани во пределот на грбот се здобил З.Ј., а додека Л.А. се здобил со две убодни рани во пределот на нозете. Поради сериозноста на повредите З.Ј. бил примен во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.