![19216-vakva-naezda-na-komarci-skopje-ne-pameti-dosega.shilegov-ili-reshete-go-problemot-ili-zaminete-od-funkcijata-gradonachalnik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/19216-vakva-naezda-na-komarci-skopje-ne-pameti-dosega.shilegov-ili-reshete-go-problemot-ili-zaminete-od-funkcijata-gradonachalnik.jpg?resize=600%2C338&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ ги овбини градските власти за тежок аматеризам и шарлатанство со констатација дека ваква наезда на комарци Скопје не памети досега, а тоа е повеќе од доволен факт кој говори за сериозноста на оваа тема, на која секоја сериозен политичар така би пристапил на оваа тема, но не и градоначалникот Петре Шилегов.
Денес слушнавме дека на забеганоста на Шилегов и неговите соработници и нема крај. Очигледно неспособноста и неодговорноста сакаат да си ја прикријат со своите траги-комични изјави како денешната. Замислете, тие денес рекоа дека граѓаните мислеле дека не се прска од комарци само затоа што оваа година авионите не бучеле како што бучеле изминатите години кога се прскало. Што ли им бучи во главата на Шилегов и соработниците за да дадат вакво смешно и трагикомично образложение за тема која што тангира над 600.000 граѓани и тема за која што како партија во повеќе од 10 наврати изминатиов период алармиравме дека претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните во Градот Скопје, изјави Ирена Попова.
Според неа, да не станува збор за толку сериозна тема денешното образложение од Град Скопје би го третирале за рубриката хумор на месецот, а истовремено е потценување на интелегенцијата и здравјето на над 600.000 жители.
Граѓаните не веруваат во овие лаги. Граѓаните не заслужуваат некој вака да си поигрува со нивната интелегенција. Ова е срамно.Секој ден аптеките и амбулантите се полни со лица кои бараат средства за заштита од комарци, или уште полошо да ги санираат отоците, алергиите, егземите или не дај боже заразните болести кои ги шират комарците. Темата е дотолку сериозна што веќе медиумите пишуваат дека во соседна Грција се починати 2 лица од убод на комарци кои носеле смртоносна болест по здравјето на граѓаните. Изговорите на Шилегов и надлежните од Град Скопје не поминуваат ниту меѓу експертите, ниту меѓу граѓаните. Состојбата во која се наоѓа Град Скопје е поради неговата неодговорност и незаинтересираност за здравјето на граѓаните и за тоа некој мора да сноси одговорност. Шилегов, или решете го проблемот со кој што се соочуваат граѓаните или заминете и дозволете на ваше место да дојде некој што ќе знае и ќе може да го реши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.