Мерките коишто ги носиме со програмата Живот за сите, ќе дадат повисок стандард и поквалитетно живеење. Остануваме доследни на нашата одлука да создадеме услови кои што ќе обезбедат повеќе пари за граѓаните, повеќе средства за младите, повеќе средства за малите бизниси, изјави во средата пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кандидат на владејачката партија за градоначалник на Град Скопје.
„Еве сме денеска во скопската општина Шуто Оризари да ја пренесеме пораката дека на 15 октомври, сите општини во градот Скопје, ќе мора да живеат подеднакво, затоа што сите граѓани треба да живеат подеднакво“, реле Шилегов и додаде дека со зголемувњето на минималната плата неговата партија ја „отворила спиралата“, како и оти таа тенденција ќе ја продолжат и на локално ниво.
„И овде во Шуто Оризари да се почувствуваат мерките, да се почувствува животот за сите во оваа општина. Нашата Програма овозможува директна поддршка за домашните фирми, за малите и за средните претпријатија, какви што овде ги има најмногу. Обезбедуваме повеќе пари во општините, во градот Скопје, за да се отворат повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин, за локален развој“, рече кандидатот на СДСМ.
Шилегов уверува дека малдите претприемачи, коишто ќе одлучат да започнат бизнис, ќе бидат ослободени две години од плаќање комунална такса кон Градот Скопје. На тој начин ќе обезбедиме директна помош за овие луѓе. За таа цел СДСМ ќе обезбедела можности во новиот Центар за помагање на мали бизниси, за започнување на бизнисот.
„Со победата на 15-ти октомври веднаш ќе ја вклучиме бизнис-заедницата во дефинирање на приоритетите на градот. Посветената и одговорна работа ќе носи пари директно кај граѓаните. Ве повикувам на 15 октомври сите заедно да гласаме за промени на локално ниво, за да обезбедиме повисок стандард и поквалитетен живот за сите во Скопје“, заклучи Шилегов.