Шилегов исвиркан на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“ (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот „Македонија“ беше жестоко исвиркан од гостите на Новогодишната прослава во центарот на градот, објави „Експрес“.

Шилегов кој на една минута пред НоваТА година го зеде микрофонот од пејачот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски и почна да зборува, доби свирежи и погрдни извици од насобраните граѓани.

Свирежите продолжија и откако Шилегов по огнометот повторно го зеде микрофонот но вториот пат беше многу краток и само ја честиташе новата година на присутните.