Шилегов: Изградбата на гасовод на Водно е за доброто на сите нас

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, денеска одржаа прес-конференција во врска со најавата за изградба на гасовод на Водно. На средбата со новинарите, тие говореа и за предвидените мерки кои ќе ги преземе оваа Влада за подобрување на животната средина.

„Изградбата на гасовод на Водно е за доброто на сите нас. Оваа Влада но и јас, се разликуваме од нашите претходници. Водно никогаш не било заштитувано, и заштитата на животната средина ни е приоритет. Ќе има дополнително пошумување на падините на Скопска Црна Гора, директно ќе влијаеме на спречување на поплавите. Јас сум убеден дека уште оваа есен, граѓаните ќе ги чувствуваат придобивките од гасификацијата“, порача првиот човек на Скопје.

Таму каде што треба да да се сече најголемиот дел од дрвната маса, намалено е штетно влијание за 70 отсто, од првобитниот план. Тоа е о,07 отсто од вкупната дрвна маса на дрвјата на Водно. Или помалку од 1.500 кубни метри дрво, потенцира Реџепи.

За барањата да се премести оваа траса на северниот дел од Скопје, на Скопска Црна Гора, таквото решение нема да биде поеколошки од сегашното решение, смета Реџепи. И таму ќе се сечат дрвја и тоа повеќе од сега. Треба да помине преку многу населени места и во близина на главниот извор за водоснабдување на Скопје. Ако одиме на таква варијанта ќе треба да одложима за најмалку пет години, што не е исплатливо. А тоа драстчно ќе го зголеми контото на проектот, наштие пресметки се грубо околу 20 милиони евра, вели Реџепи.