Шилегов: Во Скопје имаме победа уште во првиот круг

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција рече дека резултатот е јасен, и во Скопје СДСМ има победа уште во првиот круг.

„Се раѓа ново Скопје“, изјави Шилегов и додаде дека новата администрација ќе биде сервис на граѓаните.

Според првичните неофицијални информации на ДИК, Петре Шилегов освои 137.566 (50,29%), а Коце Трајановски 98.617 гласови  (36,05%).