Кога американскиот претседател Џо Бајден на европските челници во март конечно во заднината на руската инвазија во Украина им рече дека конечно мора да се откажат од енергенсите од Русија и им вети обезбедување нови испораки на течен природен гас (LNG) за да се надоместат количествата на рускиот гас, неговото ветување беше дочекано со скепса но сега тие ветувања веројатно ќе бидат надминати, анализира Reuters.
Имено, американската индустрија на течен гас веќе ги достигнала своите извозни ограничувања, а на глобалниот пазар доминираат долгорочни договори кои може да диктираат каде извезениот гас ќе оди следните две децении. Инаку, Европската унија носеше изминатите години регулатива којашто токму ги оневозможува долгорочните договори за многу пониски цени на своите членки и европските земји со Русија.
Според американските показатели, сега се чини, дека ветувањето на Бајден можеби било „прескромно“. САД се на пат да го надминат ветувањето на претседателот од март за дополнителни 15 милијарди квадратни метри LNG за Европа годинава, според анализата на Reuters анализа на податоците за извозот.
Така, според овие податоци, најголемиот светски произведувач на течен природен гас станал и најголем извозник во светот во првата половина од 2022 година, објави во понеделникот американската агенција за енергетика EIA.
Овој раст е добра вест за администрацијата на Бајден која настојува да ги засили енергетските врски со Европа и да го зголеми пласирањето на американскиот гас на европскиот пазар со цел да се истисната од континентот руските енергенси.
Меѓутоа, имајќи ја предвид огромната светска побарувачка на природен гас, овој европски увоз, кој воедно ја крева цената, доаѓа на сметка на посиромашните земји, како на пример Пакистан и Индија, коишто би можеле да се соочат со енергетски дефицит или едноставно ќе бидат принудени на нови и поголеми договори со Русија.
До јуни годинава САД извезле околу 57 милијарди кубни метри LNG, а 39 милијарди кубни метри или 68 отсто се испорачани во Европа, според податоците на агенцијата за анализа на пазарите „Refenitiv“. Во Европа во текот на целата претходно 2021 година биле извезени 34 милијарди кубни мери или 35 отсто од вкупниот извоз на американскиот LNG.
Тоа значи дека САД веќе испорачале повеќе гас во Европа во првата половина од годинава отколку за целата мината година. Доколку извозот во Европа продолжи со исто темпо во втората половина од оваа 2022 година, вкупниот раст во однос на 2021 година би бил за околу 45 милијарди кубни метри.
Референтните цени на гасот во Европа досега во 2022-ра, според новите методи кои почнаа да се применуваа, во просек изнесувале 34,06 долари по милиони британски топлински единици (mmBtu) во споредба со 29,99 долари во Азија и 6,12 долари во САД.
За споредна, во 2021-ва просечните цени во Европа изнесувале 16,04 долари, за Азија од 18 долари и 3,73 долари за САД. Така, имајќи ги предвид разликите во цените, на компаниите повеќе им се исплати гасот да го извезуваат во Европа, како што ланското лето Европа ги испразни своите складишта продавајќи го течниот гас на тогаш поскапите пазари во Азија и Јужна Америка.
Сѐ уште недоволно
Воената инвазија на Русија, најголемиот европски снабдувач со гас, врз Украина на крајот од февруари ги поттикна и онака веќе историски рекордните високи цени на енергенсите и конечно му даде оправдување на долгогодишното бирократското водство на ЕУ да инсистира на намалување на увозот на рускиот гас за две третини до крајот на 2022 година, да се зголеми увозот од други извори и да го поттикне производството од несигурните засега обновливи извори.
Европската унија како итен чекор ги повика земјите членки да ја намалат потрошувачката на гасот за 15 отсто до март следната година. А што се однесува на сѐ уште големиот увоз на енергенсот од Русија.
Американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така, најавија план за формирање работна група за намалување на зависноста на Европа од руските горива, првенствено од гасот. Комисијата тврди дека е подготвена да ѝ обезбеди на ЕУ да може да прими околу 50 милијарди кубни метри дополнителен американски LNG во периодот најбрзо до 2030 година, а САД се на пат да ги надминат тие бројки уште оваа година.