
Ветер со брзина од 70 километри на час проследен со пороен дожд синоќа погоди делови од Хрватска. На улиците во главниот град, Загреб, изутринава се забележуваат голем број откорнати дрвја и скршени гранки, пренесуваат локалните агенции.
Полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат од домовите ако немаат неодложни обврски. Државниот хидрометеоролошки центар издаде предупредување за повторување на невремето во следните денови.