Силен ветер турнал тобоган во Сутоморе, повредени неколку деца

Силниот ветер, кој вчера дувал во Сутоморе, на црногорското приморје, предизвикал несреќа и турнал тобоган, кој се наоѓал на една од плажите таму. Според сведочењата на очевидците, од падот повредени биле пет деца, кои за среќа минале по полесни повреди.

– Дел имаа повреди на рацете, дел на нозете, а две деца беа на самиот тобоган во моментот кога се откачи – изјавил авторот на снимката.

– Тобоганот беше висок околу 10 метри. Ветрот го турна како да е пердув. Моето дете беше на врвот кога почна да паѓа. Пред малку се вративме од болница – изјавил еден од родителите.